Петнаесет основци ќе одат на државен натпревар по англиски

27.04.2015 10:17 | KumanovoNews

Петнаесет ученици од основните училишта од Куманово, на 9 мај ќе учествуваат на државен натпревар по англиски јазик во Скопје.

Петнаесет основци ќе одат на државен натпревар по англиски

Најдобрите ученици се избрани на регионалниот натпревар по англиски јазик, кој викендов се одржа во основното училиште “Христијан Карпош“ во Куманово.

Имаше голема конкуренција, учествуваа над 180 ученици. Беше навистина тешко да се селектираат најдобрите, но ние сме задоволни од знаењето кое го покажаа кумановските ученици. На државниот натпревар исто ќе пишуваат спелувани зборови, а за најдобриот има награди и средба со американскиот амбасадор - вели Мартин Јованчевски, професор по англиски јазик.

На регионалниот натпревар се натпреваруваа ученици од училишта од Куманово, Крива Паланка и Свети Николе.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk