Петнаесет предлози за Ноемвриска награда

04.11.2014 15:40 | KumanovoNews

До општинската Комисија за доделување на награди и признанија и одбележување на празници и манифестации, доставени се петнаесет предлози за Ноемвриска награда.

Петнаесет предлози за Ноемвриска награда

Комисијата денеска заседаваше, но не одлучи на кого ќе му биде доделено највисокото градско признание.

„Има предложени доста индивидуални лица и правни субјекти. Искрено, ова е една јубилејна година, 70 години од слободно Куманово. Би сакале да доделиме повеќе награди, затоа што имаме доста квалитетен избор на луѓе кои поднеле пријава за Ноемвриска  награда“ - вели Снежана Захариева, претседател на комисијата.

Предложени се: за културни достигнувања Друштвото на писатели Куманово, писателот Бобан Богатиновски, Кумановски тамбураши и Нино Величковски, Севдаил Демири и Славица Крстиќ од Музејот Куманово, од областа на образованието Драган Илијевски, Реџеп Амети, ОУ “Кочо Рацин“, од спортска дејност Југослав Спасиќ, Мирослав Петровиќ, мото клуб “Мечки“, од здравствена дејност поликлиника “Доктор Ѓоше“, од катастарско работење Ѓорѓи Спасовски, а за пошумување и екологија Македонски шуми подружница Куманово и директорот Ваит Саити.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk