Петок Балаклија се славеше во Бедиње

17.04.2015 12:30 | KumanovoNews

Верниците во црквата „Света Петка“ во населба Бедиње, денеска го прославија  празникот Петок Балаклија.

Петок Балаклија се славеше во Бедиње

Голем број верници го посетија овој верски храм, а иста беше сликата и вчера кога во црквата со вечерната богослужба чиноначалствуваше владиката Кумановско-осоговски Јосиф. Верниците запалија свеќи за здравје и земаа осветена вода.

Источен петок се слави во петок во Светлата седмица, а посветен е и на живоносниот извор каде што се случиле голем број чуда - вели отец Антонио Стојковски од црквата „Света Петка“.

На овој ден се празнува обновувањето на храмот на Пресвета Богородица во Цариград, наречен живоносен извор, поради чудотворниот извор  што се наоѓа во него и од чии води се лекувале болните.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk