Петок и понеделник неработни денови

26.04.2021 06:40 | KumanovoNews

Велики Петок е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, додека вториот ден на Велигден е неработен ден за сите македонски граѓани.

Петок и понеделник неработни денови

„Министерството за труд и социјална политика  соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 30 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Вториот ден на Велигден според православниот календар, 03 мај (понеделник), е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија. Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден“, соопштува Министертсвото. ​

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk