Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
„Имаме објективни технички проблеми, 6 камиони ни се во дефект и затоа не можеме редовно да го изнесуваме сметот“.
Ова го изјави директорот на ЈП „Чистота и зеленило“, Сашо Петрушевски, по обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека градот е затрпан во смет.
„Работиме во три смени со 5 камиони и толку можеме да постигнеме. Дневно изнесуваме по 10.000 тони смет. Се надеваме дека ваквата состојба ќе трае кратко. Се работи за возила стари и до 10 години за кои тешко можеме да обезбедиме делови кај нас, ја чекаме испораката од странство“, - додаде Петрушевски.
Наводите дека доцни платата на вработените во ЈП “Чистота и зеленило“, директорот ги отфрли како неточни, а за одржување на Менкова колиба рече дека е надлежно Министерството за култура.
„Ние сме учествувале на десетина акции во кои сме го чистеле сметот, додека Министерството за култура никогаш не пројави интерс за одржување на споменикот. Ние не можеме трајно да одржуваме нешто што не е наша работа“, - вели Петрушевски.
Градоначалникот Зоран Дамјановски најави дека во скоро време „Чистота“ ќе добие нов камион, а ќе се работи и на обновување и доопремување на возниот парк во претпријатието. Тој апелираше до сите партии и граѓаните, да поработат на еколошката свес на кумановци, бидејќи колку да се чисти градот и дивите депонии тие повторно никнуваат преку ноќ.
Куманово има 18.000 семејства и околу 1000 правни субјекти, кои секојдневно создаваат големи количини смет.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk