Петтмина новозаболени од коронавирус во Куманово

11.06.2021 13:38 | KumanovoNews

Во последните 24 часа направени се 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на ковид-19. По градови во: Куманово – 5, Скопје и Битола – по 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид, Кичево и Крива Паланка – по 1.

Петтмина новозаболени од коронавирус во Куманово

Регистрирани се 30 оздравени пациент од: Скопје – 21, Куманово, Прилеп и Виница – по 2, Кочани, Гевгелија и Берово – по 1.

Пријавени се 2 починати лица: од Скопје (63 и 78), двајцата се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 826.661 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.507, бројката на оздравени пациенти е 149.612, на починати е 5.470, а бројот на активни случаи изнесува 425.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68604, Активни 189

Куманово 8867, Активни 53

Прилеп 8316, Активни 31

Тетово 7226, Активни 23.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk