Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Куманово ќе се спроведе петтиот третман на терестичка дезинсекција против возрасни форми на комарци.
Од Општината информираат дека прскањето ќе се реализира во среда, ќе започне на полноќ и ќе трае до раните утрински часови.
„Ќе бидат опфатени повеќе локации: по течението на реката Кумановка од Кумановска бања преку Проевце и Бејтови ниви, кејот и бавчите, бул. „Октомвриска револуција“, Градскиот парк и ул. „Никола Тесла“, околината на ООУ „Толи Зордумис“, Диво насеље, Романовце, Градските гробишта, Зелен рид, бул. „Трета МУБ“ и ул. „11 Октомври“, со посебен акцент околу Општата болница, централното градско подрачје, реката Серава, населбата Перо Чичо и други делови од градот“, соопштуваат од Општината.
Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен до првиот нареден ден, кога временските услови ќе дозволат да се реализираат планираните активности.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk