Пијан кумановец ранил сограѓанин

01.09.2013 10:49 | KumanovoNews

 Инцидентот се случил завчера на Градскиот плоштад кога С.С.(27) го нападнал со нож Б.К.(55), откако пред тоа се скарале.

Пијан кумановец ранил сограѓанин

Расправијата меѓу двајцата познаници започнала во кафе барот “Нама“ околу 23.30 часот, по што Б.К излегол и отишол во казиното “Адмирал“. Откако излегол од таму тргнал кон кафе барот “Клуб“ и тука се сретнал со С.С. кој го нападнал и со нож го ранил во левото рамо. Повредениот е пренесен во кумановската болница,каде му е констатирана телесна повреда и пуштен е на домашно лекување. С.С. е приведен во полиција и е констатирано присуство на 2,29 промили алкохол во крвта.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk