Пијан кумановец во штаб на ВМРО скинал знаме на ЕУ

20.04.2011 12:35 | KumanovoNews

 З.М.(44) од Куманово во алкохолизирана состојба го скинал знамето на ЕУ, ставено во канцеларијата за контакт со граѓаните на ВМРО-ДПМНЕ на улицата „Трета МУБ„, а потоа ги навредувал присутните граѓани.

Пијан кумановец во штаб на ВМРО скинал знаме на ЕУ

Нападот се случил вчера во 19.15 часот. Веднаш била повикана полицијата и го привела, но тој продолжил со недоличното однесување и навредите и кон службените лица.  Против З.М. ќе биде поднесена прекршочна постапка за нарушување на јавен ред и мир, заради омаловажување на полицаец и кинење на знаме.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk