Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четиринаесет годишно момче се бори за живот на скопските клиники, откако синоќа се здобило со тешки повреди во превртен автомобил на стариот пат Куманово- Скопје, во Ново село.
Несреќата се случила во 22.15 часот, кога автомобил ауди А-4 Авант, кој го управувал 16 годишен малолетник од селото Љубодраг, сопственост на Р.А. од Скопје, изгубил контрола на аудито при што излетал надвор од патот и се превртел. Во несреќата, сопатникот во автомобилот 14 годишно момче од Словенија, со тешки повреди пренесено е во Кумановската болница.
Лекарите констатирале дека има повреди на черепот опасни по живот, поради што по укажана лекарска помош итне е упатен во Ургентен центар Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.
На малолетниот возач му е направена анализа на крв, при што е констатирано присуство на 0,56 промили алкохол во крвта.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk