Пијан пчињанин ја претeпaл сопругата

25.04.2013 11:11 | KumanovoNews

 Ј.Г.(61) од с.Пчиња, пијан,  без причина во смејната куќа ја претепал неговата сопруга.

Пијан пчињанин ја претeпaл сопругата

Инцидентот се случил во неделата кога сопругот под дејство на алкохол започнал расправија со неговата сопруга Л.Г., по што физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници и клоци по главата и телото. Од ударите жената се здобила со повеќе повреди по телото. Истражен судија на пријавениот му одреди мерка притвор во траење од осум дена.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ј.Г.за сторено кривично дело „телесна повреда при семејно насилство“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk