Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 34-годишен жител на селото Градиште, Кумановско, поради основано сомнение дека сторил кривично дело запуштање и малтретирање на малолетно дете.
Како што информира полицијата, настанот се случил на 8 февруари годинава, во атарот на селото Кучкарево. Пријавениот, под дејство на алкохол, управувал трактор и притоа го превезувал своето 12-годишно дете. Според пријавата, детето било изложено на подолг престој на ниски температури, со што биле загрозени неговото здравје и благосостојба.
Од МВР посочуваат дека со ваквото однесување, таткото свесно го довел во опасност животот и здравјето на детето, што е спротивно на законските обврски за грижа и заштита на малолетните лица.
Случајот е пријавен до надлежното Јавно обвинителство, а институциите ќе постапат во рамки на своите надлежности за понатамошно утврдување на одговорноста.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk