Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пијан кумановец ги нападнал родителите на неговата сопруга при што ги расекол со нож, а потоа се самоповредил.
Семејното насилство се случило синоќа околу 19 часот, кога Б.С. од Табановце во видно алкохолизирана состојба стигнал во семејството при што ја скршил влезната врата. Откако влегол во домот на Б.Д. и Ј.Д. почнал со расправија, барајки ја наводно неговата сопруга.
Веднаш потоа со употреба на нож на Б.Д. и Ј.Д. им направил исекотини во пределот на рацете, а на Ј.Д. исекотини на левата страна од вратот.
Оштетените успеале да избегат од дома кај соседот, додека Б.С. останал внатре и со истиот нож се самопвредил. Откако соседот видел дека Б.С. е легнат во ходникот веднаш повикал полиција и брза помош, по што е однесен во Ургентен центар во Општа Болница Куманово, а потоа поради сериозноста на повредата е е префрлен на Клинички Центар Скопје. По овластување на ЈО извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа при СВР
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk