Пијани гости се тепале со шишиња во кафеана

24.06.2013 10:31 | KumanovoNews

 М.А.(40) и И.Ш.(51), двајцата од Куманово се удирале со стаклени шишиња по главата, откако се напиле во кафеаната „Манта Груп“. 

Пијани гости се тепале со шишиња во кафеана

Инцидентот се случил пред два месеци, но деновиве е поднесена кривична пријава за насилство, откако завршила полициската истрага.

 Според полицискиот извештај на 25. април, околу 20,00 часот, во кафеаната „Манта Груп“, двајцата гости, под дејство на алкохол започнале меѓусебна расправија, а потоа започнале и физичка пресметка.  При тоа се удирале со стаклени шишиња по главите од што си нанеле телесни повреди, а го искршиле и инвентарот во летната бавча од објектот.

Двајцата ќе одговараат за кривично дело „насилство“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk