Пијани кумановци тепале гост и обезбедувач во “Тунел“

13.06.2013 11:32 | KumanovoNews

 Двајца кумановци под дејство на алкохол во кафе бар “Тунел“ со шишиња мавале по гости и обезбедувањето на локалот.

Пијани кумановци тепале гост и обезбедувач во “Тунел“

Инцидентот се случил на 24 мај, кога И.М.(39) и И.С.(39) откако  испиле поголема количина на алкохол, почнале насилно да се однесуваат. И.М. со стаклено шише го нападнал Ј.М. кој го обезбедувал објектот, а  И.С. исто така со стаклено шише удрил гостин и го повредил во пределот на раката.

И.М. кривично ќе одговара за „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, а  И.С за сторено кривично дело  „тешка телесна повреда“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk