„Пијано“- маска на кумановските средношколци на Струмичкиот карневал

11.03.2019 18:35 | KumanovoNews

Ученици од кумановските средни училишта викендов учествуваа на Струмичкиот карневал со групната маска „Пијано“.

„Пијано“- маска на кумановските средношколци на Струмичкиот карневал

Во категоријата од 30 до 50 учесника, во силна конкуренција се претставија во саботата попладне на централното дефиле пред многубројната публика.

„Учествуваа 40 ученици од сите средни училишта со своите ментори. Оваа ни беше јубилејно 10 учество на фестивалот, за што добивме благодарница и медал од организаторот на Струмичкиот карневал. Бевме одлично прифатени од публиката и се надеваме на награда. Учеството и оваа година е под покровителство на Општина Куманово“, - изјави Цоки Ристевски, раководител на одделението за култура во Општина Куманово.

Резултатите на наградените маски ќе бидат соопштени утре.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk