Пингпонгарката Ива Димитриевска прва во Крива Паланка

27.04.2015 08:50 | KumanovoNews

Пингпонгарката Ива Димитриевска од пинг-понгарскиот клуб “Куманово“, викендов во Крива Паланка зема прво место, на турнирот “Топ 8“ за младинки.

Пингпонгарката Ива Димитриевска прва во Крива Паланка

Со овој успех не само што е прворангирана во пионерска конкуренција, туку е и вторангирана во младинска конкуренција.

“Победени се сите противнички со само три изгубени сета. Прикажана е сигурна и стабилна игра, што за мене како тренер е многу значајно. Од турнир во турнир ги надминуваме грешките кои ги согледуваме. Овој резултат за нас е особено значаен знаејќи дека е во младнска конкуренција, а  Ива е сеуште пионерка“ - изјави тренерот Мики Трендафиловски.

Во мај следи учество на државно сениорско првенство, во јуни балканско првенство и неколку турнири во и надвор од границите на Македонија. Трендафиловски потенцира дека сите успеси ги постигнуваат со многу труд, иако се соочуваат со финансиски проблеми.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk