Пинокио утре на репертоар на кумановскиот театар

01.10.2015 08:45 | KumanovoNews

Детската претстава „Пинокио“ утре и задутре ќе игра во театар Куманово.

Пинокио утре на репертоар на кумановскиот театар

Оваа претстава утре е на репертоар во 10.30 часот, а во сабота во 12.30 часот. “Пинокио“ е работена според текст на Карло Колоди, а во режија на Бојана Краљевска. Актерската екипа ја сочинуваат Александра Михајловска, Владо Дојчиноски, Сања Русеска, Мартин Лазаревски, Кети Дончевска Илиќ и Љупчо Хаџи - Стојанов.

Утре претставата се прикажува за ученици, а во сабота и за ученици и за граѓани. Претставата е интересна и им се допадна на најмалите. Премиерата беше во септември, а “Пинокио“ има доста комични елементи. Ние сакаме да имаме што повеќе детски претстави, бидејќи децата ни се важна таргет група, тие се наша идна публика“-вели Симона Тоскиќ, драматург и продуцент во театар Куманово.

Нова  претстава за деца најверојатно ќе игра во театарот околу Нова година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk