Писателите го подготвија новиот алманах

23.10.2013 09:36 | KumanovoNews

 Кумановските писатели го подготвија четвртиот алманах и наскоро се очекува да излезе од печат.

Писателите го подготвија новиот алманах

Новиот алманах ќе содржи проза и поезија од над 20 автори, од кои 17 се домашни.

 Материјалот е даден на лекторирање.  Ќе има творби на седум јазици, на оние јазици кои се говорат во Куманово, ќе има песни на турски, монголски, словенечки јазик. Со квалитетот одиме напред и се надминуваме себе си. Нашите алманаси продреа во многу земји од бивша Југославија - рече Божана Трајковска, претседател на Друштво на писатели Куманово.

Печатење на алманахот ќе го финасираат самите писатели.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk