Писателите и играорци ги посетија старите лица во „Зафир Сајто“

01.10.2015 14:07 | KumanovoNews

Повеќе писатели од Куманово и играорци од КУД „Ѓоко Симоновски“ по повод 1 октомври-Светскиот ден на старите лица денеска ги посетија луѓето згрижени во Домот за стари лица „Зафир Сајто“.

Писателите и играорци ги посетија старите лица во „Зафир Сајто“

Со песни, игри, ора, поезија се потрудија да им го разубава денешниот ден и да им посветат внимание.

Ние постојано ги посетуваме, годишно по неколку пати можеме со нив да приредиме задоволство и пријатен престој во оваа социјално здравствена установа на дел од пензионерите кои се овде - вели Спирко Николовски претседател на Здружение на пензионери Куманово.

Директорот на “Зафир Сајто“,  Џемаљедин Неџипи кажа дека со овие посети старите лица чувствуваат дека не се заборавени и сами.

Организираме различни програми, еден дел од програмата е да организираме вакви забавни програми, а другиот дел е да  организираме активности во рамки на нашата служба, секој ден предавања,  лекции и т.н Исто така надвор од зградата организираме често пати екскурзии во различни градови - кажа директорот.

Во “Зафир Сајто“ се сместени 150 корисници од повеќе градови од Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk