Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кратовец е донесен во Кумановската болница со прострелна рана во подлактицата, откако се самоповредил додека пукал со пиштол во воздух.
Инцидентот се случил минатата недела, кога С.Н. (31) од Кратово, додека седел во кафеана извадил пиштол за кој немал дозвола и почнал да пука во воздух, при што го оштетил стаклото на објектот. Потоа заминал во куќата на О.И.(28) од Кратово и двајцата со автомобил “фолксваген венто“ се упатиле кон Куманово. Попат пиштолџијата испукал уште три куршуми и се погодил во левата рака. Другарите на местото “Рампа“ се ослободиле од пиштолот и отишле во Општата болница Куманово. По укажаната лекарска помош на повредениот, случајот е пријавен во полиција.
Јавен обвинител на С.Н. му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
Против С.Н. е поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност и недозволено изработување, држење или тргување со оружје и распрскувачки материјали, а против О.И. за помагање.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk