Пивтијада по 12 пат

14.01.2014 09:33 | KumanovoNews

Во ресторан “Грација“ во недела во 12 часот ќе се оддржи традиционалната манифестацијата “Пивтијада 2014“ што ја организира мултимедијалниот центар Карпино.

Пивтијада по 12 пат

По 12-ти пат на Пивтијадата ќе се изврши примопредавање на кумството по што ќе се избира највкусната пивтија со богата културно-уметничка програма.

Веќе се пријавени десетина натпреварувачи. Сите кои се заинтересирани да се натпреваруваат можат да се пријават до недела. Обезбедени се медали за 20 учесника. Традиционално ќе се јаде пивтија, гравче, греана ракија и ќе има добра забава. Ќе ги поканиме сите оние што го фатиле крстот да дојдат да бидат наши гости - вели Зоран Павловски, претседател на Мултимедијален центар “Карпино“.

Претседателот Павловски ќе подари книга на ресторан “Грација“ каде ќе се запишуваат впечатоците од манифестацијата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk