„Пивтијада“ по 18 пат во Куманово

16.01.2019 14:02 | KumanovoNews

Мултимедијалниот центар Карпино, во чест на големиот христијански празник Богојавление-Водици, во сабота ја организира традиционалната манифестација „Пивтијада“.

„Пивтијада“ по 18 пат во Куманово

Манифестацијата се одржува по 18 пат во просториите на ресторан „Грација“ со почеток во 12 часот.

Ќе се избере највкусна пивтија и кум за наредната Пивтијада, по што ќе следи културно-уметничка програма.

Манифестацијата се оддржува со помош на локалната самоуправа Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk