„Пивтијада“ традиционално за Водици во ресторан Грација

18.01.2024 19:33 | Оливера Пешевска

Традиционалната манифестација „Пивтијада“ ќе се одржи утре, 19 јануари во ресторан „Грација“ во Куманово. Ова е 22-ро издание и досега се пријавени 12 натпреварувачи кои ќе подготвуваат пивтии, кои ќе ги оценува 5 члена комисија.

„Пивтијада“ традиционално за Водици во ресторан Грација

Минатогодишниот кум Даниел Стојчевски ќе го предаде кумството на новите кумови, а тоа е КУД „Панче Пешев“ од Куманово.

„Новите кумови, оркестарот и играорците на „Панче Пешев“ ќе изведат неколку точки, за да ги поздрават присутните. Подоцна забавата ќе продолжи со Милена и Марко, млади кумановски музичари добро познати на јавноста. Секогаш имаме голем одѕив, веќе се резервирани сите места и очекуваме 400 гости на забавата“, истакна Влајко Стојчевски, сопственик на ресторанот и еден од организаторите на манифестацијата.

Покрај „Грација“ во организација е вклучено и здружението Еко Гард, а под покровителство на Општина Куманово. Од локалниот буџет се издвоени 30 илјади денари за финансиска подршка на организаторите.

Забавата предвидува и ручек за сите присутни, цената на влезницата е 200 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk