Плакета за Царинската испостава Табановце

24.11.2014 10:57 | KumanovoNews

Царинската испостава Табановце - автопат, доби плакета од Царинска управа на Македонија, поради исклучително добри резултати во работењето.

Плакета за Царинската испостава Табановце

Признанието го прими шефот на испоставата Бобан Николовски.

Ова признание е само еден голем потик и мотив повеќе во понатамошното работење. Истовремено е и одговорност за сите царински работници во испоставата, во континуитет да бележат вакви, но и подобри резултати, и да го оправдаат епитетот најдобра царинска испостава во Република Македонија,- изјави Николовски.

На истата манифестација, на царинските службеници кои навршиле 30, 20 и 10 години работен стаж им беа врачени златници и сребреници, а заклетви дадоа и новите цариници.

Оваа церемонија вообичаено се организира за време на одбележувањето на царинскиот празник на 14-ти април, но годинава заради ограничувањата поврзани со изборниот период, а имајќи ги предвид препораките од надлежната институција истата беше одложена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk