Планинарите ќе се искачуваат на Китка

26.03.2014 11:48 | KumanovoNews

Здружението за планинарење и заштита на планината “Козјак 2013“ во недела организира планинарење од Меморијален центар АСНОМ во Пелинце до врвот Китка висок 1211 м на планина Козјак.

Планинарите ќе се искачуваат на Китка

Како новоформирано друштво и како нови членови на Федерација на планинарски спортови на Македонија, овој марш го организираме за прв пат и искрено се надеваме дека истата ќе прерасне во традиционална во понатамошниот период и ќе биде повод за многу дружења меѓу нас планинарите. Турата е долга 15 км ќе заврши во близина на Малотино, а оние кои ќе продолжат кон Кокино имаат 3 км плус, - вели Марјан Милановски од “Козјак 2013“.

За учество на планинарскиот марш се пријавени две друштва од Србија, едно од Бугарија, повеќе од Македонија и ќе има околу 200 учесници.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk