Планинарите на „Козјак 2013“ ќе се искачуваат на Китка

12.10.2019 17:55 | KumanovoNews

 Здpужението за планинарење и заштита на планината „Козјак 2013“ утре (недела), ќе ја реализира шестата по ред традиционална клупска акција од меѓународен карактер.

Планинарите на „Козјак 2013“ ќе се искачуваат на Китка

Акцијата ќе биде на патеката Пелинце-Враготурце - врв- Китка- Големи Уши, а тргнувањето е закажано во 7.30 часот,  пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. Предвидено е да заврши околу 16 часот на исто место каде ќе се подели планинарско гравче и благодарници за учество.

На акцијата очекуваме околу 150-200 ученици од Макдеонија, Србија и Бугарија, а се организира во чест на празникот 11 Октомври, кој посебно е важен за Куманово и Козјачијата каде всушност и започнало народното востание и загинале многу наши народни херои.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk