Планинарите на „Козјак“ организираат искачување на врвот Китка

03.10.2020 06:54 | KumanovoNews

Планинарскиот клуб Козјак од Куманово,  утре ќе го реализира традиционалниот Меморијален марш „Појак Калман“ - искачување на планинскиот врв Китка. Учество ќе земат сите членови на клубот, а ќе пешачат на две релации.

Планинарите на „Козјак“ организираат искачување на врвот Китка

- Првата патека за движење е преку  селата Пелинце- Враготурце до врвот Китка на 1211 метри надморска височина. Втората релација е од селото Малотина до врвот Китка. Планирано е двете екипи да се сретнат на Китка. Двете патеки се средно тешки, - информираат од клубот.

Меморијалниот турнир се одржува по 22- ри пат, а се организира по препораки и мерки на медицинската комисија на ФПСМ.

 Маршот е влезен во календарот на ФПСМ и во програмата на Сојузот на спортови на Куманово.

Со маршот се одбележува денот на кој е починат Појак Калман, планинар и основоположник на здружението на планинари „Козјак“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk