Планинарка од Непал во посета на Куманово

21.01.2016 11:53 | KumanovoNews

Во Куманово е Чурим Долма Шерпа, жената која за една недела два пати се искачи на највисоката планина на светот, Монт Еверест.

Планинарка од Непал во посета на Куманово

Таа за своите достигнувања и своето искуство синоќа говореше пред дел од кумановските планинари.

„Кога се качив на Монт Еверест бев многу возбудена и среќна што сум на врвот на светот и ги видов сите планини надолу. На првото качување имаше магла и облаци и не можевме да се задржиме на врвот, а при второто качување времето беше прекрасно, но ладно и ветровито “– вели Чурим Шерпа.

Во мај 2012 година таа се искачи два пати на Монт Еверест од две различни страни. Првото искачување го направи на 12 мај, а второто само седум дена подоцна на 19 мај, со што стана првата жена во светот на која што и успеал ваков подвиг. За остварениот успех  доби признание и од Гинисовата книга на рекорди.

Шерпа ја посетила Шар Планина, а до крајот на оваа година повторно планира да дојде во Македонија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk