Планинарската акција „Пирамида и три манастира“

12.04.2017 09:13 | KumanovoNews

Планинарското друштво „Куманово“ по трет пат ја организира планинарската акција именувана како „Пирамида и три манастира“.

Планинарската акција „Пирамида и три манастира“

Акцијата ќе се одржи на 23 април, а ќе започне од пред манастирот „Свети Ѓорѓи“ изграден во XIX -от век во селото Градиште, патеката продолжува низ шума до манастирот „Света Петка„ во селото Габреш, каде е предвидена првата поголема пауза.Од тука трасата продолжува на врвот Острвица од каде се пружа спектакуларен поглед врз пошироката кумановска околија.Патеката се спушта до селото Скачковце, до манастирот Света Троица како крајна точка на акцијата, - велат организаторите.

Патека е долга 18 километри и маркирана е со планинарски ознаки, времето за изведување е од 6-7 часа.

Сите заинтересирани може да се пријават кај Стојанчо Стефановски на телефон 077 572 098, најдоцна до петок 21 април.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk