Планинарскиот клуб “Козјак“ одбележа 33 години постоење

08.04.2015 09:11 | KumanovoNews

Здружение спортско планинарски клуб “Козјак“, синоќа одбележа 33 години постоење и успешна работа.

Планинарскиот клуб “Козјак“ одбележа 33 години постоење

Сите овие години планинарите имаат организирано многу акции, искачување на врвови, планинарска школа, настава во природа со најмалите и други активности.

Планинарското друштво за прв пат во Куманово е отворено во 1967 година, но за жал во 1968 година е згаснато. Од 7 април 1982 година до ден денес работи непрекинато. Работиме по своја програма, и располагаме со два планинарски дома во село Длабочица - кажа Мартин Величковски, секретар во „Козјак“.

Следни активности на планинарите од „Козјак“ се одбележување на 19 април-Ден на планинари, а  во мај ќе има искачување на Пелистер на 2601 м и Титов Врв 2747 метри надморска височина.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk