Планинарското друштво „Куманово“ го избра најдобриот планинар

10.02.2016 09:45 | KumanovoNews

Бобан Стефановски од Куманово е избран за планинар на годината во планинарското друштво Куманово.

Планинарското друштво „Куманово“ го избра најдобриот планинар

 Стефановски минатата година учествувал во 38 планинарски акции. 

Пракса во друштвото е да се наградуваат планинарите кои учествувале на најголем број акции и да се сумираат резултатите од претходната година. Бобан Стефановски имаше учествувано на 38 акции и го прогласивме за најдобар планинар. Оваа година планираме да се искачиме на Дурмитор во Црна Гора, на Маглиќ во БИХ, повторно ќе имаме акција на Пирин и други акции“-рече Стојанче Стефановски, претседател на „Куманово“.

Планинарското друштво „Куманово“ оваа година ќе реализира од 30 до 40 планинарски акции.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk