☰

Планирани прекини на струја во Куманово и околните села

08.10.2026 10:02 | KumanovoNews

Поради планирани активности на електродистрибутивната мрежа,  денеска и утре ќе има привремени прекини во снабдувањето со електрична енергија на дел од потрошувачите во Куманово и околните населени места.

Планирани прекини на струја во Куманово и околните села

Денеска, прекин е планиран: од 08:45 до 14:30 часот во дел од село Долно Коњаре, од 09:00 до 15:00 часот на улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски“ во населбата Бедиње, додека од 09:15 до 12:15 часот во дел од улицата „11 Октомври“ во Куманово.

За утре, 9 октомври, од 09:00 до 14:30 часот без струја ќе биде дел од селото Биљановце, додека од 09:00 до 15:00 часот на улиците „11 Ноември“ и „Трајко Јовановски“ во населбата Бедиње.

Планираните прекини се реализираат согласно однапред утврдени планови за реконструкција и модернизација на електродистрибутивната мрежа.

Од надлежните напоменуваат дека се можни отстапувања од предвидените временски рамки, во зависност од сложеноста на работите и условите на терен.

Advertisement

2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk