Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Неколку села во општината денеска и во наредните денови ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини.
Денеска, од 9 до 11 часот, прекин е најавен за целото село Винце, а истото село повторно ќе биде без електрична енергија и утре во истиот термин, од 9 до 11 часот.
Во понеделник на 1 јуни, од 8:40 до 13:30 часот, прекин ќе има во населбата Карпош во Куманово, на улицата „100“, стариот Паланечки пат по месноста Бара и на сите улици кои гравитираат кон улицата „100“. Во истиот период без струја ќе бидат и делови од населбата Карпош околу улицата „1“, Никуљски пат по месноста Бара и околните улици.
На 3 јуни, од 8:30 до 15:30 часот, без електрична енергија ќе останат селата Никуштак, Виштица и Матејче.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk