Пластика и автомобили гореа во вчерашниот пожар

01.08.2013 13:33 | KumanovoNews

 Над 700 тони пластика, 6 автомобили, трафостаница и неколку бандери, еден помошен објект и неколку десетини хектари стрниште и сува трева изгореа во големиот пожар што вчера беснееше во атарот на селото Романовце.

Пластика и автомобили гореа во вчерашниот пожар

Пожарот избувнал вчера околу 16 часот во близина на депонијата Краста и брзо се проширил на нивите што припаѓаат кон селото Романовце. Екипи од противпожарната единица со 4 возила го гаснела пожарот до 2 часот по полноќ.

На лице место денеска излезе екипа од Дирекцијата за заштита и спасување, а причината за пожарот и штетата дополнително ќе се утврдува.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk