По 15 август ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ќе имаат заеднички кандидат за градоначалник во Куманово

28.07.2025 19:23 | KumanovoNews

Разговорите со владиниот партнер ЗНАМ за заеднички кандидати за градоначалници за Куманово и Општина Центар се движат во позитивна насока, но конечната одлука ќе биде донесена по 15 август, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

По 15 август ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ќе имаат заеднички кандидат за градоначалник во Куманово

„Преговараме со ЗНАМ во моментов за две општини – Куманово и Општина Центар да имаме заеднички кандидат. Разговорите се водат во позитивна насока, но повеќе информации ќе имаме по 15 август како што претходно кажав во една прилика затоа што сеуште траат анализите во општините каде имаме добри кандидати. Мораме после 15-20 август уште еднаш да измериме и во рамки на граѓаните и во рамки на партиската база за да дојдеме до најдоброто решение што ќе го понудиме“, рече Мицкоски.

Кандидат за градоначалник на Куманово од ЗНАМ е Максим Димитриевски, кој ќе ја бара довербата на граѓаните за трет мандат. Иако неофицијално се тврди дека поддршката на Димитриевски е договорена, официјално не се соопштува.   

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk