По 200.000 денари субвенции за занаетчиите од Министерството за економија

26.07.2024 16:11 | KumanovoNews

Занаетчиите можат да аплицираат за субвенции во висина од 200 илјади денари во Министерството за екомонија доколку  набавиле нов алат, машини или дизајн на нов производ на пазарот во текот на 2023 и 2024 година.

По 200.000 денари субвенции за занаетчиите од Министерството за економија

За ова намена се издвоени 6,5 милиони денари од буџетот, а повикот е отворен до 1 октомври.

„На јавниот повик може да се пријват активни и регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, услов е да не е отворена стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавувањето на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на Министерството за економија минатите три години“, се критериумите по кои можат да аплицираат занаетчиите.

Новите машини и алат мора да се приозведени во последните две години пред купувањето, по реални пазарни услови и цени, а занаетчиите мора да достават доказ за направени трошоци и не смеат да ги отуѓуваат во наредните две години. Средствата од овој јавен повик не се наменети за средствата со кои е платен ДДВ или царина, закупнина на деловен простор или трошок кој е направен со компензација.

Вкупно предвидените средствата за оваа мерка се распределуваат на сите баратели  кои ги исполнуваат условите. Но, доколку вкупно одобрениот износ на средства за субвенционирање на сите баратели го надминува планираниот износ на средства од 6,5  милиони денари за мерката, поединечниот износ на средствата за кофинансирање на секој барател ќе биде намален.

Во рамките на мерката, а со цел придонесување кон рамномерен регионален развој, барателите на финансиска поддршка, покрај износот за кофинансирање ќе добијат и дополнителна финансиска поддршка во зависност од планскиот регион од каде е седиштето на барателот.

Од Министерството за економија најавуваат дека и во иднина ќе креираат мерки за поддршка на занаетчиството.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk