По 35 години се реконструира регионалниот пат Долно Којнаре - Табановце - Сопот

18.03.2021 14:13 | KumanovoNews

Започна реконструкцијата на регионалниот пат Долно Којнаре - Табановце - Сопот во должина од 8 километри.

По 35 години се реконструира регионалниот пат Долно Којнаре - Табановце - Сопот

Овој пат го поврзува регионот, односно селата Горно Којнаре, Четирце, Сопот, Вујиновиќ, со граничниот премин и со Куманово. Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, кажа дека  реконструкцијата на овој пат е прва по 35 години.

„Благодарение на Владата, предводена од премиерот Зоран Заев и поддршката од нашиот министер Оливер Спасовски се вложува во Куманово и кумановската инфраструктура, со цел полесно и побезбедно поврзување како допринос за поголем економски раст. Ќе продлжиме и понатаму активно да дејствуваме, секаде каде што има потреба од санација, реконструкција и инвестиција во градот“, изјави Костовски, кој денеска изврши увид во градежните работи на терен.

Проектот се реализира преку Јавното претпријатие за државни патишта, а градежите работи ги изведува Македонија пат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk