По 4 месеци затвор за кумановците кои учествуваа во пресметката во Мала Речица

06.07.2018 18:44 | KumanovoNews

Во Основниот суд во Тетово, на по 4 месеци затвор се осудени Сабит Реџепи, Ридван Дервиши и Халил Камбери од Куманово, како и албанскиот државјанин Љуљзим Битра, поради учество во тепачката пред седиштето на ДУИ во Мала Речица.

По 4 месеци затвор за кумановците кои учествуваа во пресметката во Мала Речица

Пресметката се случи во април годинава, кога во вооружен судир на две групи кумановци, членови на ДУИ  едно лице загина, а повеќе беа повредени.

На осудените казната им се намалува за времето поминато во притвор, додека албанскиот државјанин Љуљзим Битра, по издржувањето на казната ќе се протера од Македонија, со забрана за влез во траење од пет години.

Во инцидентот на две групи кумановци, едната таканаречена група на Реџепи, а другата на Мисими, најпрвин започнале расправа околу изборот на претседател и членови во телата на ДУИ за Куманово во партиското седиште во Мала Речица. Потоа тие излегле надвор и расправијата преминала во вооружена престрелка во која се користеле безбол палки, секира, нож, палици но и огнено оружје при што Наим Реџепи беше убиен а повеќе лица беа потешко и полесно повредени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk