По 56 години се реновира Основното училиште „11 Октомври“

15.03.2021 14:01 | KumanovoNews

 Започна реконструкцијата на училишната зграда во Основното училиште „11 Октомври“, преку проект „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и реконструкција на основни и средни училишта во РС Македонија“, кој се спроведува преку Министертствот за образование и наука.

По 56 години се реновира Основното училиште „11 Октомври“

Реконструкцијата предвидува замена на прозорци, санитарни јазли и подови.

„По 56 години ова е прва реконструкција и нашето училиште конечно ќе добие лик каков што заслужува, а ќе се подобрат условите за работа на учениците и вработените. Веќе започнаа градежните активности и се работи на замена на подовите и реновирање на тоалетите. Наредната фаза е замена на прозорците. Проектот треба да заврши во септември и се надеваме дека наредната учебна година ќе ја започнеме во нов амбиент“, изјави директорката Елизабета Костиќ.

Наредната година се планира да се замени фасадата, а истовремено е аплицирано и на проeкти за реконструкција на подрачните училишта во селата Долно Којнаре и Речица.

Во Основното училиште „11 Октомври“ настава посетуваат 429 ученици од прво до девето одделение.  Наставата во првите три се одвива со физичко присуство, а учениците од останатите одделенија учат онлај.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk