По Нова година обнова на документи за социјална помош

27.12.2018 09:43 | KumanovoNews

 Корисниците на социјална парична помош по Нова година имаат обврска да ги обноват докуметите за социјална помош.

По Нова година обнова на документи за социјална помош

Од Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа Куманово информираат дека постапката започнува на 3 јануари 2019 година, а ќе трае заклучно со 28.01.2019 година.

Корисниците ќе треба да поднесат ново барање, а потребните обрасци за поднесување ќе ги добијат во Центарот.При поднесување треба да имаат на увид важечка лична карта за себе и за сите полнолетни членови на семејството, а останатата потребна документација Центарот ќе ја прибавува по службена должност, - информираат од Центарот.

Основно задолжување во оваа обнова е да сите полнолетни членови од семејството задолжително бидат пријавени во Агенцијата за вработување што ќе биде предуслов за остварување на правото, кое се очекува дека ќе се трансформира во гарантирана минимална помош согласно новиот закон за социјална заштита кој набргу треба да биде донесен.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk