По уште еден починат и новозаболен од ковид-19 во Куманово

12.06.2021 13:00 | KumanovoNews

Во последните 24 часа регистрирани е 21 нов случај на ковид-19, а направени се 4.370 тестирања.

По уште еден починат и новозаболен од ковид-19 во Куманово

По градови во: Кичево – 6, Скопје и  Тетово – по 4, Прилеп – 2, Битола, Велес, Дебар, Куманово и Охрид- по 1, информира Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Пријавено е 1 починато лице: од Куманово (72г), во болнички услови.

Регистрирани се 7 оздравени пациенти од: Скопје – 4, Кичево –  2 и Струмица –  1.

Досега во земјата се направени вкупно 831.031 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.528, бројката на оздравени пациенти е 149.619, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 438.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68608, Активни 189

Куманово 8868, Активни 53

Прилеп 8318, Активни 33.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk