Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Еден од победниците на „Гуча“, оркестарот на Бојан Ристиќ од Владички Хан, ќе биде ѕвезда на првата вечер на годинешниот „Рома труба фест“, кој вечерва започнува на Градскиот плоштад во Куманово.
„Оркестарот на Бојан Ристиќ е еден од најпознатите дувачки оркестри на Балканот. Ќе има настап од 45 до 50 минути, а посетителите ќе имаат несекојдневна можност да уживаат во извонредна музика, бидејќи е подготвена посебна програма за овој настап и за нашата публика“, - изјави Самет Салиевски, уметнички директор на фестивалот.
Покрај Бојан Ристиќ првата вечер ќе земат учество и оркестрите на Уска Кан Кантуров од Берово, Кеми Асанов од Струмица, Ферус Мустафов од Скопје, Роберт Демировиќ од Србија, и оркестрите од Франција и Кипар. Специјални гости се Роберт и Ферчо.
Дел од учесниците на годинешниов „Рома-труба фест“ вечерва ќе настапат и во населбата Гоце Делчев, на игралиштетео на т.н. Кошеви.
„Со цел да го збогатиме фестивалот и одлучивме попладне да одржиме концерт во населбата Гоце Делчев. Таму ќе настапат оркестрите на Франција и Кипар и КУД „Срма“ со заедничка програма од 45 минути. Ги повикувам жителите од тој дел на градот да дојдат и да го проследат настапот од 18 часот, - додава Салиевски.
Концертот на Градскиот плоштад започнува во 19.30 часот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk