Почина 45-годишен кумановец од ковид-19, новозаболени уште 9 пациенти

09.06.2021 15:05 | KumanovoNews

Пациент на 45-годишна возраст починал вчера од компликации на коронавирус во Куманово. Во новата ковид статистика регистрирани се и 9 новозаболени и еден оздравен во Куманово.

Почина 45-годишен кумановец од ковид-19, новозаболени уште 9 пациенти

Во последните 24 часа се направени 2.619 тестирања, а регистрирани се 28 нови случаи на ковид-19. По градови од: Скопје – 16, Куманово – 9, Тетово – 2, Прилеп - 1.

Пријавени се вкупно 5 починати лица:  3 лица од Скопје (61г,75г и 79г) и по едно лице од Куманово (45г) и Струга (72).

Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.

Регистрирани се 23 оздравени пациент од: Скопје – 15, Охрид и Струга – по 3, Куманово и Кочани – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 821.365 тестирања на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68592, Активни 212

Куманово 8857, Активни 47

Прилеп 8315, Активни 34.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk