Почина Богдан Таневски директор на Кумановскиот музеј

04.04.2022 09:23 | KumanovoNews

 Директорот на Кумановскиот музеј, Богдан Таневски, познат конзерватор и културен работник во Куманово и државата, ненадејно почина вчера на 64-годишна возраст.

Почина Богдан Таневски директор на Кумановскиот музеј

Таневски беше директор на Музејот во Куманово во три мандати: 1994 – 1998; 2002 – 2006 и 2017 – 2022 година. За неколку месеци требаше да замине во пензија.

Таневски е роден на 23 мај 1958 година во Куманово. Основно и средно училиште завршил во Куманово, во 1984 година дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, отсек Историја на уметност со археологија. 

Во НУ Музеј – Куманово се вработил во јануари 1985 година, и како конзерватор работи полни 37 години. Со звањето виш конзерватор се здобива во 1998 додина, а како советник конзерватор работи од 2009 година наваму.

Целиот свој живот го посветил на својата професија и развој на Музејот во Куманово, зачувување и заштите на културно-историското наследство во Куманово и Македонија.

Во неговота професионална работа како конзерватор има реализирано поголем број на проекти во државата. Работеше и на конзервација на музејски експонати со механичко и хемиско чистење од археолошката, историската, ликовната и етнолошката збирка во НУ Музеј – Куманово.

Погребот ќе се изврши денеска во 13 часот на Градските гробишта во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk