Почина борецот и поранешен претседател на Собранието на Куманово Драги Јовановски - Дедо

09.06.2020 09:39 | KumanovoNews

Драги Јовановски-Дедо, борец и истакнат општествено политички работник, почина денеска во Куманово на 93-годишна возраст, објави семејството.

Почина борецот и поранешен претседател на Собранието на Куманово Драги Јовановски - Дедо

Роден е во Куманово на 1.10.1927 година, од рана младост, поточно на 15 годишна возраст се приклучил на Револуционерното движење во кумановската гимназија, а во 1943 година заминал во партизани на планината Козјак.

По ослободувањето извршува повеќе општествено политички функции, а еден мандат e претседател на Собранието на Куманово, функција на денешен градоначалник. Бил член на ЦК на КПМ, директор на фабриките „Жито-мел“, „Киро Фетак“, „Печатница“, началник на Фондот за здравствено и пензиско осигурување Куманово, СВР Куманово и секретар на Општина Куманово.

По пензионирањето, член е на главниот одбор на Сојуз на борци на Македонија и член на претседателството на Сојуз на борци на Куманово.

Драги Јовановски- Дедо ќе биде погребан утре во 13 часот на градските гробишта во Куманово. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk