Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учесникот во НОБ, Спирко Зафировски вчера почина во Куманово на 90 годишна возраст.
Погребот ќе се изврши денеска на Градските гробишта во 14 часот, каде од општинскиот одбор на Сојузот на борци Куманово ќе биде прочитан проштален гоговор. Зафировски учествувал во формирањето на Трета македонска ударна бригада и трет мандат беше претседател на општинскиот одбор на Сојузот на борци Куманово. За време на ослободувањето на Куманово имал за задача да собере информации за тоа каде се движат окупаторските војски. Во времето на Југославија е одликуван со повеќе ордени.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk