Почина Др.Зоран Атанасовски- Шебек

02.03.2016 18:39 | KumanovoNews

 Денеска во 79- та година од животот ненадејно почина доктор Зоран Атанасовски - Шебек специјалист по орална хирургија и имплантологија.

Почина Др.Зоран Атанасовски- Шебек

 Доктор Атанасовски е роден 1937 година во Куманово. Средно забарско училиште, факултет и специјализација по орална хирургија завршил во Скопје. Тој раководел со првиот Центар за имплантација и протетска рехабилитација во Куманово, прв од таков вид во поранешна Југославија. Добитник е на Ноемвриската награда во 1970 година, а има објавено 60-тина научни трудови. Др. Атанасовски е прогласен за почесен член на Европаската акдемија за имплантологија, а Интернационалниот истражувачки комитет му доделил златен медал.  Во 1987 година станува директор на медицинскит центар Куманово, а подоцна отвора сопствена стоматолошка ординација.

Погребот на доктор Атанасовски ќе се одржи утре во 15 часот на градските гробишта во Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk