Почина Есма Реџепова

11.12.2016 10:19 | KumanovoNews

Кралицата на ромската музика Есма Реџепова, по кратко боледување, утрово починала во Скопје на 73 годишна возраст.

Почина Есма Реџепова

Таа пред две недели беше примена во една болница во Скопје во тешка состојба. Есма е родена на 8 август 1943 година, таа е петто од шесте деца во семејството. Taa е најмаркантното музичко име на македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината.

Есма е носител на титулата Национален уметник на РМ од 2013, а на 30 октомври годинава во Торонто беше промовирана монографија за нејзината 55-годишна кариера. Монографијата е посветена на Есма, на нејзиниот покоен сопруг СтевоТеодосиевски и ансамблот „Теодосиевски“ и на сите генерации музичари што тие ги одгледале.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk