Почина Горан Стојковиќ, генерален секретар на ДПСМ

12.01.2015 13:56 | KumanovoNews

Вчера попладне на 42 години, ненадејно почина генералниот секретар на ДПСМ, Горан Стојковиќ.

Почина Горан Стојковиќ, генерален секретар на ДПСМ

Стојковиќ починал од срцев удар во Банско, Бугарија, каде престојувал на зимување со своето семејство.

Горан Стојковиќ е во ДПСМ од нејзиното формирање. Од пред 6 години е генерален секретар во партијата, а како машински инжинер професионално беше ангажиран како директор во АД Гама, Скопје. Предходно работеше како директор во ЈП „Македонија пат„ и технички директор на „Куманово-гас„. Тој е и претседател на КУД „Српски вез„. Два мандати беше советник на ДПСМ во Советот на Општината Куманово. Стојковиќ беше сопруг и татко на две малолетни деца.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk